28/12/2022/Новости
  • Напишано од Ана Барабановска
  • 226
  • 0

На иницијатива на Пчеларското здружение Млеч од Струмица на 25 12 2022 год. во просториите на Пчеларската задруга Пчелин Рај во с. Водоча се одржа презентација за употреба на оксалната киселина во борбата против вароа деструктор (крлежот кај пчелите).
Беше детално објаснета употребата на сублиматорот како еден од најновите начини за аплицирање на оксалната киселина во пчелното семејство. Презентери беа Никица Барабановски од Пчелин Рај и Ѓорги Хаџи-Котаров од ЗГ Органо-Логистик од Струмица.
После предавањето имаше заеднички предновогодишен ручек на кој присуствуваа околу 30 пчелари од регионот на Струмица, Радовиш и Валандово.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *