Пчеларската задруга Пчелин Рај од Струмица е формирана во септември 2019 година. Основана е од 15 задругари од кои 5 жени и 10 мажи. Просечна старост на задругарите е 44 години од кои најмладиот има 24 години а најстариот 69 години. Имаме одличен спој на младост, образование и животно искуство бидејќи од 15 задругари 7 се со високо образование а 8 со средно образование. Задругата се занимава со производство на природен мед и други пчелни производи, ги снабдува задругарите со репроматеријал а исто така обезбедува и пласман на производите на задругарите. Задругата поседува современ објект со површина од 300 м2 во кој по најсовремени европски стандарди се пакува медот и другите пчелни производи. Објектот и изграден дел со средства од задругарите и дел со грант од Европската Унија преку проектот ,,Поддршка за развој на земјоделски задруги“ спроведуван од CARE Германија/Луксембург и Македонска развојна фондација за претпријатија,

Во задругата располагаме со следните здружени средства и опрeма

  • 750 пчелни семејства
  • 2 отклопувачи за отклопување на пчелни пити
  • 3 центрифуги за цетрифугирање на медот
  • 1 декристализатор
  • 1 дупликатор

Дополнителна финансиска поддршка за функционирање на задругата имаме и од Националната програма за рурален развој која се состои од кофинансирање на трошоците за бруто плата на управителот на задругата во период од пет години и трошоци за книговодство во период од три години.

Информации

За медот

Медот е дар од природата кој пчелите макотрпно го собираат во периодот кога дрвјата цветаат. Како производ претставува храна за пчелите кој го собираат низ ливадите и шумите со цел да се прехранат во текот на зимските денови

100%

органски
производ

Корисни информации за медот

  • ги регулира метаболичките процеси
  • го подобрува имунитетот
  • медот ја подобрува крвната слика
  • помага при несоница
  • дава енергија на телото, ја повратува силата

Зошто пчеларска задруга

Во Ноември 2017 година Агенцијата за храна и ветеринарство –Сектор за ветеринарно јавно здравство го објави упатството за евидентирање и контрола на оператори со храна-примарни производители на мед. Ова упатство претставува имплементација на законските и подзаконските акти со кои е пропишана постапката за евидентирање и контрола на оператори со храна – примарни производители на мед. Се бараат одредени услови кои треба да се исполнат а тоа се:
– Одгледувалиштето-пчеларникот треба да биде согласно Законот за ветеринарно здравство и Законот за заштита и благосостојба на животните како и добрата пчеларска пракса кои пропишуваат дека локацијата треба да биде еколошки погодна област без ризици за примарно производство на пчелни производи
– Двоењето, полнењето и складирањето на медот како и производството на останатите пчелни производи треба да се обавува во објект, простории и опрема кои ги исполнуваат условите пропишани од Агенцијата за храна и ветеринарство
Ова е инвестиција од поголем обем која ние како поединечни пчелари не можевме да си ја дозволиме бидејќи сме мали производители а инвестицијата е од голем обем и не го оправдува вложувањето на поединци. Единствено решение беше здружување и изградба на објект во кој ние задругарите заеднички ги здруживме средствата и изградивме заеднички објект.

Поединечните набавки на потребните репроматеријали е по повисоки цени заради малите количини кои ѓи набавуваме и заради повисоките трошоци за дистрибуција на истите до нашите пчеларници. Продажбата на пчелните производи е по пониски цени заради истата причина односно заради тоа што ние сме мали производители со нестандардизирани производи и заради тоа купувачите ни нудат пониски цени на медот.
– Проблемот со повисоки цени за репроматеријалите од добавувачите го решаваме на тој начин што набавуваме за сите задругари заедно по однапред изготвени списоци. Заради количините кои ќе ги набавуваме интересни сме за добавувачите кои заради тоа ни нудат пониски цени и подобри услови на дистрибуција.
– Проблемот со пониски откупни цени на нашите пчелни производи го решаваме на тој начин што заеднички настапуваме на пазарот со поголеми клоичини, со стандарден квалитет на производите и со заеднички бренд кој е препознатлив на пазарот.

Дел од нас од 2019 година почнавме со експериментално производство на пчелин отров кој е доста атрактивен на светскиот пазар и многу се бара. Неможноста еден пчелар да произведе поголема количина отров е проблем кој се јавува при пласманот бидејќи има трошоци при извозот кои не се мали. Тоа се шпедитерските трошоци, транспортни трошоци, анализа на квалитетот, сертификати и дозволи за извоз, што сето заедно е огромен издаток спрема количините кои ги нудиме како поединци и затоа не сме интересни за купувачите.

Брендирањето на медот и на останатите пчелни производи кои се со одличен квалитет ги промовираме преку заеднички бренд, со заедничка етикета и заедничка рекламна кампања. Учествуваме на домашни и меѓународни манифестации под исто лого и бренд и стануваме препознатливи за купувачите.

975

литри произведено годишно

15

членови во задругата

750

пчелни семејства на повеќе локации

300

квадрати современ погон за пакување пчелни производи

Технологија

Како го произведуваме нашиот мед

Производството на мед е комплексен и уникатен процес и се произведува во неколку фази

Производството на мед не е воопшто едноставен процес, пред се знаејќи дека пчелите медот го собираат во одреден временски период во годината и големо влијание имаат самите временски услови за да самите цветови произведат нектар кој пчелите го собираат од ливадите, шумите итн

01. Цветовите прават нектар и ги привлекуваат нашите пчели

Секое растение има период на цветење каде што во цветот има нектар кој ги привлекува пчелите да го собираат

02. Пчелите го собираат нектарот и го носат во пчелните кошеви

Пчелите го собираат нектарот и го носат во пчелните кошеви каде го складираат

03. Пчелите ги запечатуваат ќелиите со восок и медот зрее

Кога кошот е полн со мед, пчелите ги запечатуваат ќелиите со восок со цел собраниот мед да создрее и да биде погоден за собирање

04. Ние го собираме производот и го пакуваме

Созреаниот мед се собира и истиот се пакува за продажба