26/12/2023/Новости
  • Напишано од Ана Барабановска
  • 124
  • 0
Минатата недела се одржа последната обука од едукативната програма “Digitally Fit for E-commerce” поддржана од USAID Economic Development, Governance and Enterprise Growth Project на која 30-те присутни компании имаа можност да слушнат повеќе за тоа како со следење на одредени метрики и анализа на податоци може да се дојде до зголемен раст на бизнисот од Денис Ампов, Country Manager за Ananas.mk 🍍
Полни со практични активности и со анализирање на примери од компаниите присутни на обуката, дополнително ни се придружија и преставници од Ananas.mk , Mitra и Кликни Јади / KlikniJadi – дел од маркетплејс платформите каде 30-те компании ќе можат да ги пласираат своите производи кои накратко ги презентираа своите платформи и начини на работа 🚀
Обуката ја заокруживме со доделување на сертификати за успешно комплетирана програма и нетворкинг дружење со сите учесници, а во следниот период тие ќе бидат поврзани со најголемите домашни маркетплејс платформи каде што ќе ги пласираат своите производи🤩

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *