24/08/2023/Новости
  • Напишано од Ана Барабановска
  • 138
  • 0
Претставници од Пчелин Рај www.pcelinraj.mk учествуваа на работилница на која се презентираа можностите кои ќе им бидат дадени на социјалните претпријатија кога ќе се донесе новиот Закон. Работилницата беше поддржана од Министерството за труд и социјална политика и Амбасадата на Република Полска.
Вчера имавме одличен ден во Босилово, каде прво се сретнавме со градоначалникот Risto Mancev кој веќе соработува со социјалното претпријатие Kaj Viktor Etno Restauran, а кој навистина има слух за решавање на општествените проблеми и помош на лицата со попреченост, па сигурни сме дека нема да ни е последна средба! Потоа во ресторанот Кај Виктор се видовме со постоечки и потенцијални социјални претпријатија и разговорот за што се може да се направи најверојатно можеше да трае бесконечно… И сето тоа го завршивме со преубавата храна од ресторанот која беше без глутен, затоа што менито е направено да не им пречи на лицата со аутизам. Секако, денот немаше да биде целосен со нас да не беа од Центарот за развој на Југоисточен регион и Бандулова Марија! Убав ден, макар и на многу жешко време 🥵😊, се гледаме повторно!
#Поддржи, промени овозможи
#Ambasada RP w Skopje / Амбасада на Република Полска во Скопје
    

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *