20/10/2023/Новости
  • Напишано од Ана Барабановска
  • 87
  • 0

Производството на мед оваа година ќе биде преполовено. Пчеларите се жалат дека поради неповолните временски услови количините на произведен мед и сезонава се под стандардниот просек. И покарај добриот старт на почетокот од годината, долгиот сушен период и високите температури направиле вториот медобер во одредени региони да го нема воопшто, а таму каде што имало приносите биле по пет до шест килограми од пчелно семејство.

Пчеларите се свесни дека климатските промени се глобален проблем, но според нив тоа не значи дека не треба да се делува. Едно од решенијата било преселување на пчелните семејства во повисоките за што очекуваат поддршка и од државата.

За пчеларите голем проблем се и фалсификаторите на мед. Велат дека нивниот број секојдневно се зголемува со што тие добиваат нелојална конкуренција, а потрошувачите неквалитетен мед. Апелираат до надлежните институции за поголеми контроли и сериозни санкции за сите фалсификатори кои на пазарот пласираат лажен мед.

Врска до оригиналната вест:

https://www.youtube.com/watch?v=USsCSa-bAkY&t=2s

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *