28/05/2023/Новости
  • Напишано од Ана Барабановска
  • 160
  • 0

Променливото и студено време негативно ќе се одрази врз производството на мед. Првичните проценки на пчеларите велат дека оваа година количините ќе бидат намалени за околу 30%. Наместо вообичаениот просек од 8, 5 килограми по пчелно семејство сезонава во одредени региони од државата приносот ќе биде скоро преполовен што ја доведува во прашање и рентабилноста.

Ѓорѓи Андонов од пчеларската задруга Пчелин Рај вели дека неповолните климатски услови со чести врнежи од дожд освен на количината на медот, негативно  се одразуваат и врз производствените трошоци кои имале значително зголемување, што за пчеларите е дополнителен проблем.

Пчеларите се свесни дека климатските промениhttps://youtu.be/LvP4ddtsmCA се глобален проблем, но сепак сметаат дека во негово ублажување може да се делува и локално. Затоа апелираат до институциите  за воведување на мерки и поголеми контроли, пред се на загадувачите на воздухот. Задоволни се од субвенциите што ги добиваат од државата, но сметаат дека недостасува примена на нови технологии и поголема едукација.

Поради лошите временски услови пчелариите очекуваат 30% помалку мед | Сител Телевизија (sitel.com.mk)

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *