04/12/2022/Новости
  • Напишано од Ана Барабановска
  • 160
  • 0

Регистрираните пчелари од струмичко се жалат на нелојална конкуренција од фалсификатори на мед. Велат нивниот број секојдневно се зголемува и сериозно го загрозува пласманот на вистинскиот мед чие производство континуирано се намалува поради  климатските промени. Главен адут на лажните пчелари со кој излегуваат на пазарот била ниската цена која најчесто е одлучувачка за потрошувачите.

Од пчеларската задруга Пчелин Рај од Струмица се загрижени дека ваквата појава може дополнително да го намали производството на мед. Апелираат до надлежните за почести контроли и санкции на ваквите измамници.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираа дека  во првите шест месеци од годината инспекциските служби спровеле вкупно  83 контроли. 34 биле кај примарни производители, a 49  во објекти за обработка и манипулација со мед.

Во рамки на спроведените контроли донесени се 8 решенија за отстранување на утврдени недоследности кај објектите за обработка и манипулација со мед , a кај ист број мостри лабораториски e потврдено зголемена содржина на шеќер во медот.

Едно решение е изречено и за утврдена недоследност со контролите кај примарните производители при што запленети и уништени се 200 килограми мед без соодветна декларација со непознато потекло и без означување. Од агенцијата апелираат до граѓаните, доколку се сомневаат во квалитетот на одреден мед тоа го пријават кај нив.

Извор: Пчеларите се жалат на нелојална конкуренција – Лажен мед ги освојува пазарите | Сител Телевизија (sitel.com.mk)

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *