30/11/2022/Новости
  • Напишано од Ана Барабановска
  • 163
  • 0

На ден 30.11.2022 год. Ѓорги Андонов како претставник од пчеларската задругата Пчелин Рај, беше на состанок на потсекторската група за уредување на земјоделски пазари за мед кој се одржа во просториите на МЗШВ во Скопје. На состанокот беше усогласен заеднички предлог за новиот начин на субвенционирање на пчеларството. Предлогот е во наредната година да има две категории на субвенционирање.
1. На пчелари кои имаат од 10 до 50 пчелни семејства ќе се исплаќа основна мерка 200 ден по пчелно семејство во годината на поднесување на барањето и дополнителна мерка 400 ден. која ќе се исплаќа наредната година. Услов за добивање на субвенција ќе биде попис од матичен ветеринар извршен на први април и потврда дека пчеларот е член на локално пчеларско здружение
2. На пчелари кои имаат над 50 пчелни семејства ќе се исплаќа основна мерка 250 ден по пчелно семејство во годината на поднесување на барањето и дополнителна мерка 550 ден. која ќе се исплаќа наредната година. Услов за добивање на субвенција ќе биде попис од матичен ветеринар извршен на први април, потврда дека пчеларот е член на локално пчеларско здружение и потврда за регистрација во АХВ

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *