На 29.01.2024 год. во просториите на Општинскиот Инкубатор се одржа предавање на тема “Грешки на пчеларите до главната паша и санирање на истите”. Предавач беше проф. Џоко Зечевич, лиценциран предавач од СПОС Србија кој ги пренесе неговите искуства и знаења од областа на пчеларството.
Во знак на благодарност на гостинот му доделивме резбана плакета со мотив од нашата македонска пчела Apis mellifera macedonika.
Благодарност до Општина Струмица и ЛЕР за отстапената просторија!