11/10/2022/Новости
  • Напишано од Ана Барабановска
  • 464
  • 0

Претставници од пчеларската задруга Пчелин Рај учествуваа на агросаемот во Струмица на кој имаше околу стотина фармери од најразлични дејности. Задругата се претстави со целокупниот асортиман на пчелни производи бидејќи саемот беше одлична можност за тоа. Посетителите на штандовите имаа можност да ги вкусат пчелните производи и да се уверат во нивниот врвен квалитет. Членови од задругата учествуваа во комисијата за избор на најквалитетен мед а во забавниот дел учествуваше карневалската група Пчелин Рај со нејзините вредни пчелички од ООУ Видое Подгорец.
Саемот беше организиран од страна на здружението Проагро фармери а поддржан од Општина Струмица и Министерството за земјоделство, шумарсто и водостопанство.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *