30/01/2024/Новости
  • Напишано од Ана Барабановска
  • 56
  • 0
👨‍🌾👩‍🌾Делегација на девет наши млади фармери овие денови се во студиска посета на Словенија. Целта на студиската посета е запознавање со успешните модели за функционирање на младите фармери и мерките кои ги имаат како поддршка младите фармери во Словенија, со цел нивно пренесување во нашата држава како мерки за поддршка на младите земјоделци и фармери.
📚Во рамки на студиската посета нашата делегација оствари посета со претставници на Дирекцијата за земјоделство на Словенија на која беше презентирана поддршка за основање на фарми за млади фармери и акциониот план за работа со млади земјоделци на Словенија. Работни средби беа остварени и со претставници на Агенцијата на Република Словенија за земјоделски пазари и рурален развој, како и со Земјоделско-шумарската комора на Словенија.
🇸🇮🇲🇰Покрај поддршката од нас како министерство и Increasing Market Employability – IME партнери на оваа студиска посета се и Сојузот на млади фармери во Словенија, министерството за земјоделство, шумарство и храна на Словенија, како и амбасадата на нашата држава во Словенија.
Во делегацијата учествуваат по тројца млади фармери од трите најголеми социоекономски партнери на министерството, Национална федерација на фармери – National Federation of farmers – NFF, Мрежа на земјоделски задруги и Македонската Асоцијација на земјоделски задруги. Студиската посета се реализира во период од 22 до 26 јануари 2024 година.
 

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *