Зошто пчеларство?

Секој кој што сака да се занимава со пчеларство треба да знае дека пчеларството е фасцинантно и пријатно, но во исто време и многу важно. Некои луѓе го работат за задоволство да гледаат како пчелите работат. После тоа доаѓа и жетвата на медот што се собира кој веројатно е подобар од било кој мед што ќе го најдете во продавница. Предизвикот на пчеларството носи и некои очигледни награди, но тоа е исто така важен придонес за локалниот екосистем.
Пчеларството е важно бидејќи пчелите се неопходни за опрашување на растенијатата и културите кои нам ни служат за храна. Ширум светот бројот на пчели е во опаѓачки тренд, и затоа зголемувањето на популацијата на пчели е од голема важност.

Важноста на пчелите

Голем број на цветни растенија зависат од опрашување  од инсекти каде што зрната полен се дистрибуираат од инсекти кои се движат од цвет до цвет. Пчелите се одлични опрашувачи што дури некои култури се високо зависни од пчелите. Но храната на нашата трпеза ќе биде празна доколку пчелите исчезнат. Некои растенија добиваат поттик од опшување, на пример сончоглед, сусам, јаболка, круша, праска, јагоди, боровинки.
Од тоа не зависиме само ние луѓето туку и другите животни кои се хранат со растенија кои се опрашуваат, кои пак и тие за возврат ни даваат месо.

Часови за пчеларство

Бидејќи пчеларството како занимање, претставува пасија, уживање, хоби во работењето, ние тимот од задругата Пчелин рај нудиме часови за пчеларство каде што секое лице кој сака да се занимава со оваа дејност, хоби.