Најпрво идентификација

Уште на самиот почеток потребно да се направи идентификација дали станува збор за гнездо од пчели, оси, стршлени или друг вид на инсект кој наликува на пчела. Бидејќи многу луѓе неможат да направат класификација на инсектите, што е пчела, оса, стршлен итн.

Што понатаму?

Отстрнувањето на гнездо од пчели во никој случај не треба се прави доколку лицето не е обучено и опремено со соодветна опрема, и воопшто не е потребно уште на самиот почеток да го отстрнувате со пестициди. Сепак пчелите се дар од природа и заслужуваат хуман третман.


Гнездото од пчели може да биде незабележливо закачено на некоја грана или обично на непристапно место и најчесто местоположбата се издава поради тоа што околу гнездото има рој од пчели кои летаат. Важно е да се знае доколку најдете вакво гнездо потребно е да не се паничи бидејќи пчелите не сакаат да ве нападнат. Пчелите стануваат агресивни само доколку се чувствуваат под заканаа, па затоа држете растојание и нема да бидете нападнати.
Доколку гнездото е на незгодно место, немојте да го прскате со пестициди, или да се фрла камење, гранки по него бидејќи во вакви случаи пчелите стануваат агресивни.

Доколку имате гнездо во близина на вашето место на живеење  и сакате да биде отстрането, контактирајте не и гнездото ќе биде отстрането од страна на пчеларите кои членуваат во нашата задруга

Контакт