
На 02,11,2022 год. претставник од задругата Пчелин Рај учествуваше на работилница која се одржа во просториите на Вардарскиот плански регион во Велес, на тема – Обезбедување на социо-економска одржливост на социјалните претпријатија преку здружување во кластери.
Работилницата беше спроведена од страна на Барбара Садовска, тим лидер на проектот Поддршка на социјалните претпријатија и Невин Баран, експерт за градење капацитети.
Воедно беше потпишан и меморандум за разбирање помеѓу учесниците на работилницата врз основа на кој се иницира потенцијална соработка помеѓу социјални претпријатија, општини, невладини организации и локални компании.


