
На 29.10.2022 год претставници од задругата Пчелин Рај присуствуваа на второто издание на „ Slow Food салон 2022 “ во организација на Slow food Macedonia. Настанот се одржа во хотел Лимак во Скопје под мотото “Храната е идентитет” а потрошувачите се запознаа со традиционалните локални производи и производители но и со нови иновативни производи од нашето поднебје.