• Напишано од admin
  • 359
  • 0

Ѓорги Хаџи-Котарев, како Претставник од пчеларската задруга Пчелин Рај од Струмица активно учествуваше во кампањата која ја организира во Скопје Министерството за локална самоуправа на РСМ. Оваа кампања беше организирана во рамките на ИНТЕРРЕГ ИПА прекуграничната програма за соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија на ден 09.11.2021 година а започна со Кампања за собирање проектни идеи што ќе се спроведуваат во рамките на Интегрираната територијална стратегија на ИНТЕРРЕГ ИПА прекуграничната програма за соработка меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија за 2021-2027 година.
Одговорни институции за спроведување на кампањата се Министерството за регионален развој и јавни работи од Република Бугарија заедно со Министерството за локална самоуправа од Република Северна Македонија.
ЗЗ Пчелин Рај учествуваше во кампањата со свои предлог проектните идеи како правен субјект од областа на деловниот сектор како потенцијален партнер за спроведување на целите и приоритетите на програмата.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *