Што е медот?

Медот слатка вискозна супстанца која ја продуцираат пчелите. Пчелите го продуцираат медот од цветниот нектар (растителен секрет богат со шеќери) и го складираат во восочна структура наречена саќе

Како се прави медот?

Медот воглавно претставува храна која пчелите ја собираат за да имаат залиха за зимата. За да го произведат најпрво пчелите го собираат од цветовите кои се распространети по ливади, шуми, го собираат во медниот стомак кои го носаат во кошевите и го испумпуваат и го задушуваат и го предаваат на други работнички пчели кои исто така ги исполнуваат нивните медни стомаци. Сопствените ензими на телото се додаваат на нектарот, што подоцна го прави медот вреден.

Самиот мед во оваа фаза водата која е содржана во нектарот почнува да исправа и таа слатка маса ја чуваат во отворено саќе. Во моментот кога медот е доволно сув, пчелите го запечатуваат со восок што го произведуваат во телото.

Следната фаза е собирање на медот од пчеларот, кој ги вади рамките со саќе од кошот и мора восокот да биде отстранет за да се изфрли медот од рамката. Се препорачува медот да се вади на температура околу 35 степени т.е додека медот е топол. Најважната карактеристика на квалитетот на медот е содржината на вода. Ако медот содржи премногу вода, тој ќе ферментира. Уредбата за мед дозволува до 20 проценти. Само видливите нечистотии можат да се филтрираат од медот. Во спротивно, ништо не смее да се повлече или да се додаде во медот. Затоа, тој е целосно нетретиран природен производ кој не е стерилизиран.

Собирањето на медот најчесто се извршува во центрифуга и истиот се собира во садови и на крајот се пакува во стаклени садови и се спремни за продажба