14/11/2022/Новости
  • Напишано од Ана Барабановска
  • 254
  • 0

Претставници од задругата Пчелин Рај учествуваа на саемот за вмрежување и вработување кој беше организиран од Центарот за истражување и анализи НОВУС во рамки на проектот „Иницијатива за социо-економско зајакнување на младите од Струмичкиот регион“. Настанот се одржа на 14.11.2022 г. во склоп на Глобалната недела на претприемништво а имавме можност да сретнеме млади баратели на работа на кои им ја презентиравме можноста да се вработат во задругата. Ги следевме и дискусиите на говорниците на панелите а имавме можност да се запознаеме, да разговараме и споделиме искуства со други претприемачи од нашиот регион.

   

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *