
На 17.12.2022 во Кочани беше одржано предавање на тема “Штетници кај пчелните семејства” и ” Употреба на оксалната киселина за заштита на пчелите”. Предавачи беа Мирољуб Голубовски и Бранко Соколов кои пред пчеларите во Кочани на многу интересен начин ги објаснија темите кои се од исклучителна важност за успешно пчеларење. Предавањето беше организирано од страна на ПЗ Матица од Кочани а на истото присуствуваа и претставници од Пчелин Рај.