
Во рамките на проектот „Поддршка на поконкурентно и одржливо земјоделство во Северна Македонија“ имплементиран од страна на CARE International a финансиски поддржан од страна на Германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, во периодот од 1-3 март 2022 год. во хотел Молика, Битола се одржа дводневна обука на тема: Дигитален маркетинг наменет за членките на Македонската асоцијација на земјоделски задруги.
Претставници од нашата задруга ”Пчелин рај” беа Ана Барабановска и Ѓорги Андонов кои дадоа свој допринос за спроведување на обуката.