
Викендов беше официјално пуштен во употреба објектот за пакување на пчелни производи на Пчеларската Задруга ПЧЕЛИН РАЈ Струмица.
Објектот е изграден со проект кофинансиран од Европска Унија со грант во висина од 44.000 Еур. Проектот беше спроведен од CARE Германија Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија.