06/10/2021/Новости
  • Напишано од admin
  • 375
  • 0

Кога зборуваме за медот и неговата поврзаност со храната и пијалокот, речиси секогаш првата комбинација кој ни паѓа на памет е чај со мед. Но природниот пчелин мед одлично се комбинира во најразлични други комбинации:

  • за засладување на топли пијалоци
  • во комбинација со козјо сирење
  • како глазура за печени переци
  • како основа за дресинг сос
  • како додаток во свежа пченка
  • како прелив за печење
  • во комбинација со потпечено лепче
  • вкусен додаток во некоја зелена салата.

Веројатно постојат уште безброј комбинации за вкусен оброк или напиток надополнет со природниот засладувачки вкус на пчелиниот мед. Нормално вкусовите варираат во согласност со типот на мед кој се користи, земајќи го во предвид фактот дека вкусот на медот зависи и од типот на растенија од кои пчелите го собирале, местоположбата на пчеларникот или други фактори.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *