03/04/2022/Новости
  • Напишано од Ана Барабановска
  • 1.154
  • 0

Во согласност со Зелената агенда на Европската Унија, со Локалните акциони планови на општините како и со седмиот задружен принцип – Грижа за заедницата, во Петок на 01.04.2022 г. Пчеларската задруга ПЧЕЛИН РАЈ заедно со земјоделската задруга за органско производство ОРГАНСКИ ЗРАК и учениците од Средното општинско училиште Димитар Влахов од Струмица се вклучија во активностите кои се дел од проектот „Поддршка на поконкурентно и одржливо земјоделство во Северна Македонија“. Проектот е имплементиран од страна на CARE International, финансиран од Германската покраина Северна Рајна-Вестфалија а поддржан од Македонската асоцијација на земјоделски задруги.
Под мотото на кампањата “ЗАСАДИ ИДНИНА’’ односно со задружна зелена акција до поздрава животна средина, беа засадени во дворот на задругата и во економијата на училиштето овошни и медоносни садници. На учениците и задругарите им беше презентирана можноста за одгледување овошни садници без употреба на штетни хемикалии за пчелите.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *