18/03/2022/Новости
  • Напишано од Ана Барабановска
  • 569
  • 0
Ѓорги Андонов и Никица Барабановски како претставници од пчеларската задруга Пчелин Рај (https://pcelinraj.mk/) во соработка со Миле Ѓозев од Флорес Скопје (http://www.flores.com.mk/) го посетија саемот за пчеларство во Цеље Словенија. (https://ce-sejem.si/sejmi-2020/pomladno-sejemsko-prebujanje-2020/43-sejem-apislovenija). Целта на посетата беше запознавање со најновите технологии во пчеларството и можноста за поврзување на производството на есенцијални масла со органското пчеларење.
За време на патувањето беше искористена можноста да се посети Хрватското апитераписко друштво (http://www.api-had.hr/) во Загреб и да се разговара со претседателката  д-р Гордана Хегиќ за афирмација на апитерапијата и можностите за донесување на законска регулатива за оваа дејност во РС Македонија.

Додади коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *