
Претставник од Пчеларската задруга Пчелин Рај од Струмица, Ана Барабановска во периодот од 16-21 Мај оваа година беше дел од шест дневна обука во Трјавна, Бугарија за јакнење на капацитетите на руралните жени, членки на земјоделски задруги за подобрување на нивните деловни, социјални, економски и финансиски вештини заради зголемена конкуретност на пазарот на трудот. Обуката беше финансирана од Европската Унија под акцијата KA122-ADU – Краткорочни проекти за мобилност на ученици и кадар во образование за возрасни преку Еразмус+ програмата.